Како да жонглирате меѓу домашните обврски и работата?

Ако
сте одговорни да се грижите за нечија нега, ќе знаете колку е тешко да се
балансираат овие одговорности со вашите работни барања. Секако, вие сакате да
дадете сë од себе во двете улоги, но, ќе има денови кога се чини дека тие
меѓусебно се исклучуваат. Добрата вест е дека има многу работи што можете да ги
направите за да управувате со вашето време.
Овој текст разгледува некои од предизвиците со кои се соочуваат давателите
на нега и испитува што можете да направите за да управувате со вашите
одговорности на работа и дома.
Одговорности за негување, грижа: Растечки тренд
Пандемијата КОВИД-19 за многу луѓе донесе потреба за прв пат директно да се одговорни за целосна грижа за нивна роднина или за домот. Училиштата и установите за грижа за деца сè уште се затворени, а услугите за поддршка на стари и ранливи лица не се во целост достапни.
Како грижата и одговорностите можат да влијае врз работата и продуктивноста
Вашите
одговорности околу грижата за други може да имаат големо влијание врз вашата
кариера.
Можеби треба да напуштите работа или да се одјавите порано, или да правите
подолги паузи во текот на денот за да згрижите дете или да потпомогнете на
својот родител. Ова би можело да ве направи помалку видливи од колегите кои
работат цел, непрекинат ден. Вашиот шеф може да претпостави дека сте „помалку
посветени“, поради другите одговорности и ве занемарува за промоција.
Можеби исто така треба да вложите дополнително време за да останете во чекор со
вашиот обем на работа, што додава на вашиот напор. Една студија, која е
фокусирана на жените што обезбедуваат грижа за други, покажа дека повисокиот
обем на обврските поврзан со зголемени симптоми поврзани со депресија.
Друг предизвик со кој се соочуваат луѓето што се грижат за други е можноста за
дискриминација. Вработените кои се грижат за децата, за постарите родители или
заизнемоштени роднини се соочуваат со зголемено ниво на дискриминација.
Примерите вклучуваат исклученост одможноста за напредување или за нови позиции,
пониски плати, вознемирување, непријателски работни средини, па дури и загуба на
работата.
Негувателите честопати се поуморни и трошат помалку време на одржување на
сопственото здравје и благосостојба, отколку луѓето кои немаат такви
одговорности. Ова може да резултира во „презентеизам“, што значи да се биде
присутен на работа, но, не и да работи со целосниот свој потенцијал.
Управување
и со работата и со одговорностите во домот
Жонглирањето одговорности на работа и дома може да биде
тешко. На моменти, може да се чувствувате како да ве влечат во две различни
насоки, но, следниве стратегии можат да ви помогнат да се одржите и кога се
чувствувате растргнати.
1. Организирајте се
Како
давател(ка) на нега, имате многу одговорности. Не само што треба да ги
координирате вашите сопствени работни задачи и приоритети, туку треба да
потрошите време и енергија да се погрижите иза потребите на некој друг. Ова е
моментот каде што добрите организациски вештини се доста важни. Да се
организирате, исто така, ќе ви помогне да создадете повеќе време во вашиот
ден.
Еден едноставен начин да бидете поорганизирани е да користите тетратка или
нешто електронско како дневник за вашите мисли, белешки и задачи. На овој
начин, важните информации се на едно место и не мора да користите скапоцена
ментална енергија обидувајќи се да запомните сè. Започнувајте нова, страница
секој ден, со датум.
Можете да користите и алатки за правење распоред, како што се списоци за
активности иили да го поделите денот во делови за да ви помогнат да управувате
со вашето време. Бидете сигурни да ги поставите приоритетите, исто така, за да
не губите време на задачи што не се важни и не се итни.
Размислете за тоа каде се чувствувате нерганизирано во животот. На пример, дали
често доцните за состаноци? Дали вашиот е-мејл инбокс е хаос? Дали често ги
одложувате оброците, затоа што се обидувате да ја завршите работата? Изберете
ја областа што ви предизвикува најголем стрес и размислете неколку мали чекори
што може да ги преземете за да бидете поорганизирани.
2. Бидете искрени и директни
Можеби не сакате да им кажете на другите дека се грижите и
за други лица, но искреноста е обично најдобрата политика. Вашиот шеф и одделот
за човечки ресурси можеби ќе можат да ви понудат повеќе помош отколку што
очекувате.
Бидете уверени за тоа што можете разумно да го преземете и искрено да
разговарате со вашиот шеф за вашата ситуација. Потврдете ја својата
посветеносткон вашата организација и улога, но,дајте им до знаење за сите
претстојни проекти или задачи што може да не бидете во можност да ги завршите.
Ако треба да управувате со спротивставени приоритети, обидете се да преговарате
за крајните рокови или да делегирате задачи, така што ќе продолжите да ги
исполнувате очекувањата на вашиот шеф.
Мудрите работодавци активно сакаат да ја знаат вашата состојба: тие разбираат
дека имаат обврска и грижа кон вас. И заради КОВИД-19, многу организации
воведуваат пофлексибилни аранжмани од вообичаеното. Значи разговарајте со
вашиот оддел за човечки ресурси, објаснете она што ви е потребно, и дознајтекои
опции се достапни.
Можеби исто така треба да бидете искрени и директни со сите други луѓе кои
живеат со вас! Можеби не можете да ги направите сите работи што обично би ги
правеле дома - некои домашни улоги можеби ќе треба да се променат.
3. Создадете план за непредвидени
состојби
Во животот се случува сè, па дури и најдобро поставените планови можат да
тргнат на лошо. Ова е причината зошто е неопходно да се има план за вонредни
состојби, а можеби дури и план за вонредна состојба за вашиот план за вонредни
состојби!
Спроведете “Што ако?” Анализа за вашата уникатна состојба, за да можете да
креирате резервен план во случај на итна, не предвидлива состојба. На пример,
што ако вашето дете се разболипред да мора да направите критичка презентација?
Што ако виналожат да патувате за работа на ден кога сте требале да се јавите на
лекарот на вашата мајка?
Направете список на најверојатни итнислучаи што може да го изместат вашиот
распоред и да подготвите со план за секој од нив. Слушнете се со членовите на
семејството, пријателите или колегите и прашајте дали би биле подготвени да
помогнат доколку се случи нешто неочекувано..
Истражувањето на овие сценарија ве поттикнува да најдете решенија пред да се
случи непосакуваното, така што, ако треба да се појави нешто неочекувано, ќе
знаете како да се справите со тоа.
4. Одвојте време за себе
Како неговател, вашето време е вашиот најскапоцен ресурс и
често е кратко. Но, не бидете во искушение да го прескокнетеличното слободно
време.
Од витално значење е да одвоите време за да се одморите и да се опуштите кога
луѓето се потпираат на вас. Редовно вежбајте, јавете им се на пријателите или
започнете хоби. Одвојувањето време за себе ќе ви помогне да управувате со
стресот и да се осигурате дека имате физичка и ментална енергија да бидете во
вашата најдобра состојба.
Луѓето што се грижат за други честопати се навикнати да ги ставаат потребите на
другите пред своите, ги ставаат во мирување амбициите и не размислуваат за
својата иднина. Важно е да си поставите долгорочни, лични цели за себе - и за
работа и за аспирации во поширокиот живот. Поставувањето такви цели ќе ви
помогне да бидете мотивирани и да напредувате.
5. Побарајте поддршка
Поради големиот број негователи во работната сила, постои добра шанса некој што
го познавате да е во слична ситуација. Не плашете се да побарате помош!
На пример, замислете дека треба да ја напуштитеработата порано за да се грижите
за вашето дете, а на еден колега му е потребно слободноутро за да разговара со
лекарот на неговиот татко. Би можеле да се согласите да споделувате работа во
текот на денот и да се грижите за битните задачи додека другата личност е
зафатена.
Како да давате поддршка на членовите од тимот што се грижат
за други
Ако сте во лидерска улога, има многу што можете да направите за да ги
поддржувате родителите кои работат и другитедаватели на нега во вашиот тим.
Еден од најдобрите начини да помогнете е да бидете флексибилни. Кога и да е
можно, дозволете им на членовите на тимот да работат од дома или да работат
флексибилно време. Бидете сигурни дека тие се вкрстено обучени во меѓусебните
улоги, така што одговорностите се уште можат да бидат исполнети ако некој треба
неочекувано да земе одмор.
Исто така, важно е да се справите со стереотипите што вие или другите лидери
може да ги имате во врска со грижењето, негувањето. На пример, еден вообичаен
стереотип е дека одговорностите за грижата ќе се мешаат во способноста на една
личност да успее во брза или конкурентна средина. Ваквите клишеа можат да бидат
невистинити: некои истражувања покажаа дека, во текот на 30-годишната кариера,
мајките биле всушност попродуктивни од жените без деца.
Значи, добар начин да им помогнете на луѓето од вашиот тим што негуваат и други
лица да бидат најдобри за време на работата е да побарате свој придонес. Бидете
искрени во врска со претпоставките што може да ги имате во врска со укажувањето
грижа. Ставете се во чевли на негователите и дајте им можност и тие да ги постигнат своите
цели.
Токму вечерва на оваа тема, имаме отворен вебинар со Ирена Јакимова од Inspirit Coaching.
Извор: Mind
Tools Inc.