Како дошле и како се потрошиле сите донации за Ковид-19: Сите податоци и бројки на едно место

За сите парични и за нефинаниските донации што ги добила власта и државните органи за борба против корона кризата, и што е уште поважно, за тоа како биле потрошени парите, јавноста ќе има целосен увид преку надградената апликација coronavirus.gov.mk.
Ова денеска на пресконференција го соопшти министерот министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Според него, пандемијата од коронавирусот целосно го смени начинот на живот во земјава и во светот. Таа предизвикува тешка здравствена, но и економскса криза, каква што современото човештво не познава.
„Земјава се
наоѓа во уште покомлицирана состојба од другите држави. Заради крајна
несериозност на дел од политичките партии застапени во Собранието, како и
заради правосуден дилентантизам, државата во најтешкиот период од
нејзиното постоење остана без функционален парламент. Техничката Влада
која беше формирана само за да организира фер и демократски избори, се
најде во позиција да ја преземе огромната одговорност за водење на
државата и за менаџирање на кризата. Ескалацијата на КОВИД кризата се
случи на почетокот на март. На барање на Владата, претседателот на
државата неколку пати прогласуваше вонредна состојба, која траеше од 18
март до вчер, вкупно 97 дена. Во целиот изминат период проследен со
неактивен парламент, Владата носеше уредби со законска сила, и усвои
многу конкретни мерки што значат сериозно ублажување на ударот на
здравствената и економската криза врз граѓаните и стопанството“, нагласи
Поповски.