Како изгледаше: Прво патување од Србија до Грција

Добивај вести на Viber

Неколку патници, грци и српски државјани со посебни дозволи за влез во земјата пред 2 дена замина за Грција

Границите за српските туристи не се отвораат до 15 јуни, но автобускиот превозник Патрикалос превезува патници во Грција, вклучително претежно грчки државјани кои биле во Србија за време на карантинот, но и српски државјани со потребните дозволи за влез во нашиот јужен сосед.

Со оглед на тоа дека една тура замина за Грција завчера, а следната тргнува во понеделник кога официјално се отвораат границите, мерките за превенција што ги превзема автобускиот превозник се за пофалба.

Имено, Патрикалос им обезбедува на сите патници заштитна опрема и тоа маски, капачиња и заштитни костуми што ги гледате на сликата.


Багажот мора да се дезинфицира, како и целата опрема, а за време на пауза автобусот повторно се дезинфицира.
Една од патниците беше и Гордана Лазаревиќ, која за „Телеграф“ изјави дека во почетокот ваквите мерки биле невообичаени и малку вознемирувачки, но на сите во автобусот им било јасно дека тоа е така за нивната безбедност. Исто така, споменатиот превозник ќе ги практикува сите поаѓања кон Грција на ист начин со цел да го заштити и спречи коронавирусот на патот.

Останува само да се види дали туристичките агенции од нашата земја ќе го прифатат овој модел на заштита на патувањата во Грција кога ќе се отворат границите.

Извор: telegraf.rs

Фото: Gordana Lazarevik

Како Грците ќе се грижат за здравјето за туристите? 

(ГАЛЕРИЈА) Топ 10 најдобри плажи во Грција