Како против коронавирусот во градинка: Венко Филипче со апел до воспитувачите и родителите

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук објави апел по повод денешното започнување на работа на градинките.

- Прв ден во градинка, и важно e да направиме сѐ за да го зачуваме здравјето на најмладите и да не дозволиме ширење на вирусот во градинките и во семејствата. Родителите и воспитувачите со свој личен пример да ги едуцираат, поттикнат и охрабрат најмладите да ги почитуваат мерките за одржување дистанца и лична хигиена. Апелирам до воспитувачите и негователите, да ги почитуваат протоколите и да ги охрабрат децата на честа хигиена и здрави навики, до родителите да внимаваат доколку детето појави симптоми да не го носат во градинка, да ги почитуваат протоколите. А на децата им посакувам пријатен и безбеден престој во градинка - напиша тој под фотографиите со протоколи.