Како во хорор филм: Пред домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пронајдено тело на мртва жена

Добивај вести на Viber

Британските медиуми не престануваат да пишуваат за овој страшен случај

Пред палатата Кенсингтон се случи сценарио како од вистински хорор филм!

Имено, мртво женско тело е пронајдено во езерото пред палатата. Познато е дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам живеат таму со своите деца Џорџ, Шарлот и Луис. Недалеку од ова езеро живее и принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг.

Британските медиуми упорно пишуваат за овој настан, а идентитетот на несреќната жена сè уште не е познат. Отпрвин се шпекулираше дека се работи за британска уметница по која се трага, но на крајот таа беше пронајдена жива.

Извор од полицијата потврди за Дејли Меил дека оваа смрт не се третира како сомнителна, туку дека истрагата е во тек.

Британското кралско семејство засега не го објави овој непријатен настан.

извор:glossy.espreso.rs