Кандидати за најлоши родители во светот: Седат на маса, a бебето лежи на плочки среде трговски центар (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Не е тајна дека родителството е тешко, особено кога треба да го напуштите домот со бебиња и деца. Сепак, секој знае дека не треба да ги оставате бебињата сами на студениот под, особено на јавни места како што е трговскиот центар. Еден пар го стори тоа и ги шокираше сите присутни.

Видеото што Џеј Ган го сподели на TikTok покажува бизарна ситуација: додека парот седеше на маса и уживаше во оброкот во трговскиот центар, бебето лежеше на студениот, тврд под, пренесува „Мирор“.

Девојчето не можеше да им поверува на своите очи, поради што одлучи да ја сними оваа необична сцена.

@wclipsto

Lady lays her baby on the floor in the food court #fypシ #xyzbca #crazy #baby

original sound - Jaygunna

Другите корисници на ТикТок, исто така, беа згрозени од глетката, и многумина посочија на хигиенски проблем на такви јавни места. „Таа не е куче“, „Треба со лицето да го тријат на тој валкан под за да сфатат“, „Тоа е тажно, сирото дете“, се само некои од коментарите под снимката.

Видеото стана вирално, а оние што го споделија ги предупредија родителите никогаш да не ги ставаат своите деца на под во ситуации кога не знаат колку е чиста површината или кои бактерии лежат наоколу.


Видео и Фото: ТикТок