Капа доле за Хана (11): Шета туѓи кучиња за пари, за да ги нахрани сите напуштени кучиња
фото: RTS/Printscreen
Шета туѓи кучиња и од собраните пари ги храни напуштените, бездомни кучиња на улица.
Љубовта кон животните и желбата да им се помогне на напуштените кучиња на улиците во Прокупље, принудија девојче да постави оглас за работа, за да може да купи храна за кучињата скитници од парите што ќе ги заработи.
- Дојдов на идеја, размислувајќи пред две години како да заработам џепарлак, да им помагам на кучињата скитници и имав идеја да искомбинирам корисно и убаво и да започнам да шетам кучиња, само тогаш бев помала, не можев да ги шетам - вели Хана Ѓорѓевиќ од Прокупље.
Идејата на Хана ја поддржаа и членовите на нејзиното семејство, кои ѝ всадија љубов кон животните.
- Таа ја има нашата поддршка, бидејќи Хана тоа го прави од голема љубов кон животните. Особено што тоа е од хуманитарни причини, бидејќи сака од сè што може да собере, да купи храна за овие бездомни кучиња и мачки. Патем, таа има и домашни миленици - две кучиња, две мачки и џуџе зајак - вели бабата на Хана.

Љубовта кон животните, но и желбата да им се помогне, се доволни за Хана да се осмели да шета непознати кучиња.
- Не се плашам од кучиња. Или им давам гранули, или бисквит, или сопственикот ќе ми даде нешто да им дадам ако не сака да му дадам нешто мое, можеби се плаши да не го отровам, иако секако дека нема тоа да го направам - вели Хана.
И навистина е така. Џебовите на Хана секогаш се полни со гранули кога оди на училиште или на прошетка со пријателите, бидејќи знае дека на улицата секогаш има кучиња скитници кои треба да се нахранат.
Наместо парите што досега ги одделуваше од закуски, за да им купи храна, сега шетајќи други кучиња, ќе заработи да ги нахрани нивните пријатели без дом.

извор:srbijadanas.com
(ФОТО) Петгодишната Дина донираше коса за децата болни од рак: Браво малечка!