Кејт Винслет со силна порака до сите кои ѝ велеа дека е дебела: Навредите и предрасудите не ја запреа
Од средношколските денови до денес, Кејт се соочува со навреди и осуди од општеството. Ѝ велеа дека е дебела, а подоцна ѝ предложија да се согласи на улоги за „дебели девојки“. Ѝ се смееја, ја предизвикуваа и ја убедуваа дека полека ќе дојде време кога ќе биде пресреќна ако воопшто ги добие споменатите улоги.
- Ја имам слушнато оваа реченица многу пати:„Едноставно не си тоа што го бараме “. Но, тоа не ме натера да се затворам во соба и да плачам, да се откажам од мојот сон. Јас ги игнорирав негативните коментари и верував во себе. Одлучив да се издигнам над тоа и да работам вредно и посветено на себе. Треба да бидете неуништливи, кога сакате нешто и да верувате дека сте достојни да успеете. Понекогаш самодовербата е најтешкиот дел од целата приказна - рече таа во својот охрабрувачки говор.
И покрај сето тоа, Кејт успеа да ја добие најголемата улога досега во филм кој се памети и се смета за еден од најголемите снимени досега. Таа глумеше во „Титаник“. Тоа им докажува на сите дека порано или подоцна ќе го добиете тоа што ви припаѓа, ако доволно верувате во себе.
Научила да ги надминува своите стравови, да не бара изговори за неуспех и едноставно да се посвети на сè што ја прави среќна. Задоволна и исполнета со себе си каква што е. Слаба, дебела, млада или стара, своја и самоуверена Кејт Винслет.
- Сакајте се и вие, покажете му на светот дека и покрај сите коментари, предрасуди и навреди, знаете колку вредите. Сигурно ќе успеете така- додава актерката.