Кејт Винслет заврши во болница во Дубровник: Сите очи вперени во славната актерка, а еве што е причина за нејзино доаѓање во итната помош

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Кејт Винслет вчера пристигнала во болницата во Дубровник откако се повредила за време на снимањето на филмот во комплексот Купари.

Кејт Винслет во болницата во Дубровник дошла со црно комбе во придружба на неколку луѓе, пишува „Дубровачки дневник“, а според неофицијални информации, оскаровката ја повредила ногата на сетот. Актерката пристигнала на влезот на Итната помош, а потоа тргнала на задниот излез. Поводот е далеку од добар, но доаѓањето на светската филмска ѕвезда беше можност за нејзините први фотографии од Хрватска.

Купари е една од локациите каде се снима филмот за Ли Милер, чиј лик го толкува Кејт Винслет. Во актерската екипа се и Марион Котијар и Џуд Лоу, пишува „24 sata hr“.

Ли Милер била воен фотографка за „Вог“, а Купари е избран поради стариот хотел, односно урнатините од пред неколку децении, кои во филмот ќе послужат како илустрација за Втората светска војна.


Фото: Инстаграм/Screenshot