Ќе се сретнеме повторно: Синот на Џорлев сподели емотивни фотографии

Добивај вести на Viber

Кога ќе загубиме некој драг, тоа знае да боли. Да пече во душата. Посебно па ако ни бил родител, татко. Срцето тогаш е скршено на илјадници делчиња.

Споделувајќи низа фотографии на социјалната мрежа Инстаграм Наско Џорлев, синот на човекот со исклучителен осет за музика со која на сите ни ја милуваше душата, се потсетува на миговите со татко му. 


„Ќе се сретнеме повторно“ - пишува под фотографиите Наско, покажувајќи колку многу му недостигаат дружбите со татко си.


Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар почина на 53-годишна возраст  од компликации од коронавирусот.



Фото: Инстаграм

Кој беше Зоран Џорлев: Човекот кој ни ја милуваше душата со музика