Кога двајца најубави мажи ќе седнат еден до друг на ревија: Долче и Габана во втор план (ВИДЕО)

Бура од реакции - најпосакуваниот Италијанец и најзгодниот Турчин на едно место
Неделата на машката мода во Милано оживеа со колекциите за следната пролет-лето сезона. Во првиот ред меѓу публиката, на Долче и Габана ревијата, вистинска атракција беа двајцата најзгодни и најпосакувани актери во Европа, и сите се прашуваат за што зборуваат италијанскиот актер Микеле Мороне и турскиот актер Џан Јаман!
Двајцата на сличен начин стилизирани, Џан одбра темно виолетов костум, додека Микеле се одлучи за беж костум, предизвикаа вистинска бура од реакции кај женскиот пол.
Инаку турскиот актер Џан Јаман кој е обожаван од многу жени ширум Европа и светот, во една прилика откри дека има македонски корени, односно баба му била од Македонија, а дедо му од Косово. Тој се прослави со серијата „Романтичарот“, по што неговата кариера тргна во нагорна линија.
Актерот Микеле Мороне пак, го „оживеа“ ликот на Масимо, во филмот „365 дена“ кој особено им се допадна на жените, иако беше претставен како негативец.
Оваа улога на 31-годишниот Микеле преку ноќ му ја донесе титулата за најпосакуван маж во Европа, а додека дотогаш можеше да каже за себе дека е само просечен италијански актер и пејач, сега е четвртиот најследен човек на социјалните мрежи во Италија и некој чие име е препознатливо ширум светот.
Може да ве интересира: