Ако гледате шунд, не очекувајте децата да ви се запишат на Сорбона: Рамбо Амадеус ги замисли денешните родители

Добивај вести на Viber

- Кога децата ве гледаат дека постојано сте пред телевизорот и гледате шунд содржини, немој да очекувате дека вашите деца ќе завршат на Сорбона- изјави познатиот музичар Рамбо Амадеус, кој е амбасадор на добрата волја во UNICEF, на трибината во Србија, по повод кампањата за медиумска писменост „Избираме што гледаме“.

- Главната задача на родителите е пред се да ги запознаат децата со квалитет- било кој квалитет. Да им покажат на децата каде се наоѓа тој квалитет, како да го препознаат, како да го користат, бидејќи кога детето еднаш ќе се запознае со квалитет, од било која област, по автматизам го изострува својот критериум- додава тој.

Рамбо оценува дека „кога некое дете ќе се запознае со некој квалитет, тогаш со изострени критериуми, ќе му биде помалку интересно да се занимава со нешто што е помалку квалитетно, глупаво или штетно“.