Кога ќе дојде тој момент, ќе знаете…

Добивај вести на Viber

Чувствува, чувствува човек длабоко во себе. Чувствува дека дошло време да се ослободи. 

Понекогаш е чувство на остра болка што само ве пресекува и во очите им гледате слика од крај.

Мислите дека сè ќе се распадне затоа што ви е тешко да се откажете, тоа е единствената причина што боли.
Вашите очекувања.

Сепак, не сакате да ослободите, сепак се надевате, но, на што се надевате?
Дека ќе ги промените оние што ве изневерија по 100-ти пат? Љубовта што никогаш не ви ја дале? Или можеби ви дале љубов кога знаеле дека ќе добијат нешто за возврат. Еден убав збор што значи живот за вас, а потоа повторно удар на срцето.

Зарем не знаете дека луѓето лажат толку добро?

Кога е време да се пушти, пушти. За себе. Зад таа врата може да има 100 нови можности, за љубовта која толку многу ја сакате.

Не плашете се да ги затворите вратите на срцето, сè додека не ја затворите старата, како мислите дека ќе пристигне новата?

Кој е тој што ја држи рачката? Само ти.

Само пушти, затоа што вредиш многу повеќе. Стани достоен за себе.

Колку време се прашувате? Кога ќе дојде?!
Кога ќе дојде ќе знаеш, само слушај се себеси. Не нив.
Ако сте се слушале порано, можеби ќе сте заминале порано.

извор: zenski kutak/Marina Knusel