Кога пријателите ќе станат љубовници: Кортни Кардашијан потврди дека е во врска

Добивај вести на Viber

Кортни постојани привлекува внимание со нејзиниот изглед, но во последно време многумина се интересираа за нејзиниот љубовен живот.

Откако веќе подолго време се зборуваше дека Кортни, најстарата сестра Кардашијан е во врска со тапанарот на популарниот бенд Blink - 182, Тревис Баркер, двојката конечно ја потврди својата љубовна врска.

Кортни на Инстаграм сподели фотографија на која се држат за раце, па така јавно покажа дека се во љубов, а обожавателите на двојката се воодушевени.

„Кога пријателите ќе станат љубовници. Ве молам, венчајте се“ - напиша еден нејзин следбеник на Инстаграм.

Кортни со Тревис се дружи повеќе од 10 години, а и живеат еден спроти друг во Калабасас.

„Му се допаѓаше долго време, а на неа сѐ повеќе ѝ се допаѓаше идејата за врска со него. Тој е добар тип и одличен татко“ - рече мајката на Кортни, Крис Џенер за медиумите.