„Кога се разведе, а веќе има нов партнер“: Познатата актерка шокираше со детали од својот љубовен живот

Добивај вести на Viber

Актерката Софија Вергара, ѕвезда на серијата „Модерно семејство“ и членка на жирито на „America’s Got Talent“, повторно е заљубена. 

Таа е фотографирана во Рим во прегратка со бизнисменот Даглас Кабот, со кого се шпекулира дека е во врска од мај, иако неодамна стави крај на седумгодишниот брак.


По романтична вечера на 30 јуни, парот бил забележан како се гушка и бакнува, а потоа заедно заминале во хотел.


Вергара, која се разведе од актерот Џо Манганиело во 2024 година, веќе не крие заеднички моменти со Даглас – ги објавува и на Инстаграм. 

Двајцата беа заедно и на трката во Монако, со нејзиниот син Маноло и пријатели. Претходно, Софија кратко беше во врска со пластичен хирург од Беверли Хилс.