Кој треба да ја наследи кралицата Елизабета Втора на престолот? Британците ги открија своите ставови, повеќето од нив се за овој принц
Иако кралицата Елизабета Втора се‘ уште е во добра здравствена состојба, со оглед на нејзиниот 95 -ти
роденден, британската јавност и медиуми веќе се занимаваат со прашањето кој ќе
го наследи престолот. Според Кралскиот протокол, следниот на тронот е принцот Чарлс, но тоа не значи
дека пошироката јавност нема други преференции.
Иако се очекува 72-годишниот син на Елизабета, Чарлс, да стане следниот крал, се шпекулира дека, со оглед на неговата возраст, тој би можел да абдицира. Ако Чарлс абдицира, тој може да ја пренесе титулата на неговиот најстар син, принцот Вилијам.
Според Unilad, помеѓу 13 и 15 октомври, спроведена е онлајн анкета, во која учествувале 3.043 Британци. Користен е двоен примерок од луѓе во споредба со вообичаените истражувања. Податоците се поставени да бидат репрезентативни за вкупната возрасна популација. Во истражувањето, на луѓето им беа поставени неколку прашања, како на пример дали, според нив, општите лекари имаат премногу високи плати, дали се согласуваат со ковид-пасошите или кој сакаат да го наследи престолот по кралицата Елизабета Втора, а резултатите од ова прашање не се толку изненадувачки.
Анкетата открила дека 30% од луѓето го сакаат принцот Чарлс за наследник на престолот, но уште поголем број го сакаат принцот Вилијам, дури 41% го сакаат за крал.
Според кралската авторка Ана Пастернак, оваа желба на јавноста не мора да биде толку далеку од реалноста. За списанието Vanity Fair претходно оваа година, таа рече дека е убедена дека траекторијата на британската монархија може да биде последица на неодамнешните неизвесни настани. Така, таа го призна тоа - не е 100% сигурна дека ќе го видиме Чарлс како се искачува на престолот.
Според неа, принцот Хари и Меган Маркл предизвикале нешто толку фундаментално во Британија што го сменило лицето на Британија и монархијата. Според неа, кралското семејство го перцепира јавното мислење и мисли дека можеби е посоодветно следно Вилијам да се искачи на престолот, бидејќи тој е помлад и луѓето знаат повеќе да се идентификуваат со него.
Истражувањето, исто така, го постави прашањето како луѓето перципираат одредени членови на кралското семејство. Принцот Вилијам и принцот Чарлс ги доживуваат како најпозитивни, додека принцот Хари и Меган Маркл како најнегативни членови на кралското семејство.
Фото: dukeandduchessofcambridge
Прв пат ја покажа својата слабост: Кралицата Елизабета видена во издание какво што светот уште не ja видел