Колинда непрепознатлива на море: Ја доведе линијата до совршенство (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Колинда Грабар Китаровиќ објави неколку нови фотографии на социјалните мрежи и откри дека ужива во убавината на Корнати, а притоа ја покажа и својата витка линија

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ објави неколку фотографии за да ја промовира убавината на хрватското приморје, но целото внимание го украде нејзиниот изглед и никогаш послабата фигура.

Таа позираше во темно сина маица и панталони со вијнички дезен, а до израз дојде нејзината никогаш послаба фигура, на која ѝ се восхитуваат верните обожаватели.

„Ништо како Хрватска!“, напиша таа со фотографиите.

„Голема дама за голема земја“, „Мојата омилена претседателка“, „Најубавата и најспособна госпоѓа Колинда, браво и со среќа во што и да правиш и каде и да одиш“, „Да живееш сто години“, „Нашата кралица“, „Најдобрата и најубавата“, „Една и единствена“, се само дел од коментарите кои ги доби.


Извор: www.espreso.co.rs