Конечно: Со посебен протокол - на кино, театар, опера, во музеј

Владата денеска донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани.
Јасмина Никуљска, советникот во кабинетот на новата министерка за култура Ирена Стефоска, реле дека институциите како театрите, кината и оперските и балетски претстави кои вчера на влaадина седница добија дозвола да започнат со работа, нема да може да ги отворат вратите за посетителите се додека не изготват посебни протоколи.
- Општиот протокол за работа на театрите, кината и центрите за култура е донесен вчера од страна на Владата. Од вчера може да почне со работа секоја институција, но секоја од нив посебно треба да изготви свој протокол согласно капацитетите, но тој да биде усогласен со општиот кој што вчера беше донесен. Вие ќе ги видите тие протоколи и таму се вели дека не повеќе од 30 отсто од капацитетите може да бидат искористени. Кога институциите ќе ги изготват посебните протоколи, ќе може да почнат со работа, рече Никуљска, одговарајќи на новинарско прашање.
Таа посебно нагласи дека филтрите на клима-уредите ќе мора да бидат задолжително чисти во овие институции, односно затворени објекти.
Повеќе за ова на Фактор.мк