Коронавирусот се заканува на кралското семејство: Принцезата Леонора во карантин, се прекинува учебната година

Наследничката на шпанскиот трон, принцезата Леонора, мораше да биде ставена во карантин бидејќи нејзината другарка од одделението е позитивна на коронавирус, објави кралското семејство.
14 - годишната ќерка на кралот Филип ќе биде тестирана како сите останати деца од нејзиното одделение од училиштето Санта Марија де лос Росалес во Мадрид.
Засега кралот и кралицата Летиција ќе ги продолжат своите кралски должности, кажа нивниот потпарол, бидејќи Шпанија и понатаму се мачи со овој вирус.
Осум милиони деца од Шпанија минатата недела се вратија во училиштата, но поради бројот на заразени, многу училишта ги затворија своите врати.
Има многу новозаразени помеѓу 14 и 18 години.
Шпанија во петокот објави дека има нови 4.708 заразени, а во оваа земја вкупно заразени имало 566.326 луѓе, што е најголема бројка во западна Европа.
Во Шпанија починати се 29.747 луѓе.