Кралицата Елизабета II не се чувствува добро: Го откажа патувањето бидејќи ѝ се слошило

Добивај вести на Viber

Кралицата Елизабета Втора не се чувствува добро, па „неволно“ го прифати советот на лекарите да го откаже патувањето во Северна Ирска, кое беше планирано за среда и четврток, објави Бакингемската палата.

Во соопштението, палатата наведе дека на кралицата ѝ било препорачано да се одмори „следните неколку дена“.

Извор близок до палатата за Си -Ен -Ен изјави дека нејзиниот здравствен случај „не е поврзан со ковид“.

„Нејзиното Височество е добро расположена и разочарана е што нема да може да ја посети Северна Ирска“, се вели во соопштението.

„Кралицата ги испраќа своите најтопли желби до луѓето во Северна Ирска и со нетрпение очекува да ја посети во иднина“, се додава.

извор:blic.rs