Кралицата стави крај на шпекулациите: Елизабета и принцот Филип примаа вакцина против вирусот ковид-19!

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примија вакцината против ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата.

Кралската куќа, која ретко открива детали за здравјето на кралскиот пар, изјави дека кралицата одлучила оваа информација да биде објавена со цел да се спречат можните шпекулации и неточни информации.

Извор близок до кралското семејство потврди дека кралицата и принцот Филип биле вакцинирани од матичен лекар во замокот Виндзор.

Досега 1,5 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцина за коронавирус.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира: 

Кралицата Елизабета ги зачуди сите: На работната масата има фотографија само од еден принц