Лидија Вукиќевиќ го открива рецептот за совршени локни: Потребни ви се само 2 состојки кои ги имате дома

Добивај вести на Viber

Актерката Лидија Вукиќевиќ е позната по убавата коса и обликуваните локни, но нивното одржување не е нималку лесно, сепак природните производи и помагаат во убавата фризура, а Лидија откри за кои работи станува збор . 

Имено, таа на својот Инстаграм профил ја откри тајната - се работи за мед и маслиново масло. Сè што треба да се направи е да се измешаат две лажици маслиново масло и две лажици мед и добро да се соединат. Потоа, таа компактна маса треба да се нанесе на мокра коса и да се остави да делува околу 45 минути. После тоа, измијте ја и ќе видите колку вашата коса ќе биде помека и со текот на времето додека го практикувате овој третман ќе ја забележите и нејзината мекост.

View this post on Instagram

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)



Кои други природни маски за коса можете да ги направите дома?

*Маска од мајонез

-1 чаша мајонез

-1 јајце

Во сад убаво изматете ги мајонезот и јајцето додека не добиете изедначена смеса. Нанесете ја маската рамномерно на косата, почнувајќи од коренот до врвовите. Покријте ја косата со пластична кеса и оставете ја да делува најмалку 30 минути. Исплакнете со топла вода, а потоа измијте ја косата со шампон без сулфат и нанесете регенератор.

Маска за побрз раст на косата

-1 главица кромид

-3 чешниња лук

-1 лажичка сурово кафе

-1 чаша вода

View this post on Instagram

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)



Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги колку што можете помали. Истурете ги во тенџере, додадете кафе и измешајте сè. Ставете да се готви на највисока температура околу четири минути. Кога ќе се свари, процедете, промешајте и смесата е готова.

Добиената течност истурете ја во шише со спреј и испрскајте пред да ја измиете косата - на корените на косата. Кога прскате, треба да ја масирате главата околу две минути за да се впие. Потоа ставете пластична кеса и оставете ја да делува околу два часа. После тоа, измијте се како и обично и за кратко време ќе ги видите резултатите.


ФОТО: Инстаграм принтскрин Лидија Фукиќевиќ