Љубовен хороскоп до 26 април! За Рибите судбоносни настани, а на Раковите конечно убави моменти

Добивај вести на Viber

Венера, планетата на љубовта, конечно излезе од својот ретрограден тек, за да можеме појасно да ги видиме емотивните ситуации во кои се наоѓаме. Марс зачекори во Лав, па мажите почнуваат да преземаат поголема иницијатива за да го придобијат понежниот пол.

ОВЕН
Поминувате низ голема емоционална криза. Аспектот на Венера и Сатурн во Риби ви носи крај на тежок период кој трае со недели. Марс во Лав од 18 април укажува на нови познанства на јавни места.

БИК
Заробени сте во пријателска врска, за која мислевте дека е нешто повеќе. Сепак, наредните денови и сезоната на вашиот знак укажуваат на крајот на неделите на ќор-сокак. Од 20 април ќе бидете порасположени.

БЛИЗНАЦИ
Меркур во Овен укажува дека пролетта конечно доаѓа за вас. Чувствувате наплив на нова енергија и ќе остварите контакти кои можат да ве одведат во нова насока. Марс во Лав ја зајакнува секоја форма на комуникација, затоа подгответе се за пресврт.

РАК
Пред вас е недела која носи ослободување. Не само од минатото, туку и од чувството дека сте во безизлезна ситуација на која не му се гледа крајот. Конечно, подобар период за познанства, врски и планирање патувања во далечни земји.

ЛАВ
Сонцето во Бик ви носи познанства преку работа. Сепак, во овој период работата ќе ви биде поважна од љубовта. Многу Лавови кои се во брак несвесно ќе го запостават партнерот заради својата кариера. Ве очекува познанство со Бик.

ДЕВИЦА
Венера и Сатурн ви задаваат проблеми, па доколку сте во брак или долга врска, доаѓа голема криза. Ќе се реши, но можеби ќе одлучите да тргнете во сосема друга насока кога е љубовта во прашање.

ВАГА
Венера и Сатурн во Риби придонесоа тоа што поради деловни проблеми му префрливте тензии на партнерот. Поради ова трпи емотивната врска и вие ќе ги сносите последиците за вашето однесување. Воспоставените модели на однесување повеќе не функционираат, па затоа треба да донесете одлука која ќе биде добра за вас и за вашиот партнер.

ШКОРПИЈА
Очекувавте повеќе од една средба од минатото. Венера, која повеќе не е ретроградна, ги подреди сметките, па вие сте слободни за некоја нова љубов. Ова не е време на помирување, туку на оставање на минатото зад себе.

СТРЕЛЕЦ
Очекувате ненадеен одговор од една личност која ќе има многу предлози. Ќе уживате во подинамична недела и забрзано темпо. Марс во Лав ви носи љубов и од пријателството, па очекувајте возбудлива недела.

ЈАРЕЦ
Излегувате од емотивна криза и тоа ќе ви донесе големо олеснување. Сепак, ќе имате неколку тешки разговори со саканата личност. Слободните Јарци веројатно очекуваат повик од личност која не им одговара, а подоцна ќе сфатите дека тоа е најдобро за вас.

ВОДОЛИЈА
Ќе се појави личност која ќе треба да влијае на вашиот живот. Сепак, тоа ќе го доживеете како наметнување туѓо мислење, па нема да ви биде интересно. Во наредните денови ќе има зголемени комуникации и пораки.

РИБИ
Најтешко ви е од сите знаци, бидејќи чекате разврска на емотивна ситуација која влијае на сите ваши одлуки. Иако сега не изгледа така, ве очекува ослободување од минатото и сите тешки врски. 

Фото: Freepik.com