Љубовната приказна на Сашко Коцев и Смиљана: Јавно запросување, хармоничен брак и преслатка ќерка

Добивај вести на Viber

Краткиот филм „Налепница„ по сценарио и режија на Георги М. Унковски, во продукција на Синема Футура, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија доби значајно признание од Варна „In the Palace". Имено македонскиот филм во чија главна улога е токму актерот Сашко Коцев и официјално со награда-квалификација за Оскар, во категоријата „Best Fiction Film".

Ова е уште една причина за славење на еден од омилените актери кај домашната публика, кумановецот познат по својата харизма и смешни досетки, кој само пред неколку дена прослави годишница од брак со својата сопруга.

Нивната хармонична љубовна приказна започна пред повеќе од 8 години на „Златна бубамара на популарноста“, кога Сашко Коцев падна на колена во Универзална пред неговата долгогодишна девојка Смиљана. Во улога на Аладин пеејќи ја песната „A whole new world“ во дует со Каролина Гочева ја запроси саканата пред неколку илјадна публика.

Пред неколку дена брачната двојка Коцев прослави 8 години во брак, а актерот го одбележа тоа со фотографија од свадбата на социјалните мрежи, под која кратко напиша „22.09'12 - 22.09'20“.

Коцев и неговата сопруга Смиљана, станаа родители на Јоана во октомври во 2017 година. Актерот тогаш славеше до рано наутро со своите пријатели во еден скопски ресторан.

Сашко Коцев во интервјуто за Женски магазин откри колку таткото на Зоки е сличен со таткото на Јоана, неговата двегодишна ќерка, што правеше во периодот на изолација, и што најмногу му недостасува од „нормалното живеење“.