Лорета од Велес некогаш немаше дом, сега секојдневно донира оброк за 3 деца, и е среќна и успешна мајка

Добивај вести на Viber

Честопати судбината знае да си поигра со нас. Знае да биде сурова, но знае и да се промени преку ноќ.

Една убава и позитивна приказна денеска споделуваме со вас.

Лорета од Велес во одреден дел од нејзиниот живот беше корисник на помош од Проект среќа, а во проектот Проект Куќа со Кристина и бил опремен и социјалниот стан кој го добила, но за жал во тој период, тежок за нив, немала средства во него да стави ни еден кревет.

Сепак, нејзината приказна е сега среќна! Таа после тешкиот период, успеа да отвори мал бизнис, игротека, и на тој начин да се грижи за своето семејство!

Сега таа е среќна и успешна жена и мајка на две деца!

Од Проект среќа ја споделија оваа убава вест, додавајќи дека таа ги контактирала и како што рекла „како што вие бевте до мене кога ми беше најтешко, и јас сакам да помогнам некому сега кога можам!“

Таа ќе донира секојдневен оброк за 3 деца до крајот на школската година! Исто така нејзината игротека „Тин Вајб“ е отворена за деца кои не можат да си дозволат да прослават роденден!

Овие позитивни примери кои излегле од состојбата на социјален ризик и се избориле за добар живот! И затоа, е потребно и убаво да помагаме секогаш кога можеме.



Извор: Проект среќа

ФОТО: Илустрација Фрипик