Луна и Марко закажаа венчавка: Открија кога ќе го кажат судбоносното „да“

Добивај вести на Viber

Ќе ја одложат свадбата поради пандемијата, а за венчавката знаат само нивните најблиски

Популарната ријалити двојка Луна Џогани и Марко Миjковиќ ќе станат родители за неколку месеци, но пред да се роди нивното прво дете парот одлучил да „рипне во тавче“.

Имено, Луна и Марко треба да се венчаат на крајот на март.

- Постојано вели дека не сака да биде од оние жени кои родиле и немаат сопруг. Таа изврши притисок врз Марко да се венчаат што побрзо, барем само во општината, да склучаат граѓански брак во последната недела од март, а за тоа беа информирани само членовите на најблиското семејство - открива добро информиран извор.


Засега е предвидена само венчавка, а голема свадба дури откако ќе се смири ситуацијата со пандемијата.

- Марко навистина се плаши од корона вирусот и затоа не брза да се жени додека не се вратат работите во нормала. Сонуваше за голема венчавка, но свесен е дека за тоа ќе мора да почека барем неколку месеци. За разлика од Луна, потврдата за венчавка не му значи ништо, бидејќи тие двајца веќе се однесуваат како да се во брак - додава извор за Хит.


Фото: Инстаграм/luna_djogani

Можеби ќе ве интересира:

Гинекологот ги открива тајните за бременоста на Луна Џогани: Ова мора да се направи за да не го изгуби бебето!