Луна и Марко заминуваат од Србија: Миљковиќ ќе патуваат за Америка, открија колку време ја чекале визата

Добивај вести на Viber

Среќните вести ги соопштија на својот профил на Јутјуб...

Луна Џогани и Марко Миљковиќ морале да го прекинат одморот во Грција, а поводот за тоа е убава вест.

Имено, оваа двојка аплицирала за виза за Америка која и ја добиле, а веста ја дознале додека биле на летен одмор.

„Веста е дека дознавме дека добивме виза за Америка“ - возбудено кажа Луна во видеото кое го објавија на Јутјуб, а Марко додаде:

„Не е баш лесно да се добие виза. Многу работи се гледаат, малку се... Сакаат сѐ да испитаат и јас тоа го поддржувам. Сѐ мора да биде совршено. Луѓето од Амбасадата сѐ проверија убаво и им благодарам на тоа што ни одобрија виза за влез во САД.“

Инаку, во САД ќе бидат 12 дена, а планираат да ги посетат Лас Вегас, Лос Анџелес, Њујорк... Исто така, тие открија дека на ова патување нема да ги придружува нивната ќерка и дека таа ќе остане во Србија со баба Анабела.


фото: Принтскрин / Инстаграм