Мајка ја обвини свекрвата дека ѝ го довела детето во опасност: Дали е во право?

Анонимна Британка откри дека свекрвата многу ја налутила бидејќи без одобрување објавила на Фејсбук фотографии од нејзиниот син (внук).
За се анонимно пишала на родителската интерет страница „Mumsnet“, каде истакна дека не објавила ништо за својата бременост, ни за породувањето на социјалните мрежи, и дека е многу лута што мајката на нејзиниот партнер фотографијата на бебето ја користела како насловна фотографија.
Признала дека ја нервира фактот дека не ги познава сите луѓе кои се на листата на пријатели на нејзината свекрва, а кои можат да ја видат спорната фотографија.
- Дали е неразумно што толку се налутив бидејќи мојата свекрва ја смени насловната фтографија во огромна слика на бебешко лице, а прво не ме праша?- прашува загрижената мајка, а пренесува Дејли Мејл.
Едни истакнуваат дека сочувствуваат со неа и ја советуваа да разговара со свекрвата и да ја замоли да ја тргне фотографијата од Фејсбук.
- Лично сметам дека е премината границата и дека треба да побарате од неа да ја избрише фотографијата- е еден од коментарите.
- И јас би се вознемирила. Водам строга политика поврзана со социјалните мрежи. Не знаете кој ги гледа фотографиите. Не мора се да се објави на Фејсбук- се согласи друга мајка,
- Кажи ѝ да ја тргне или закани ѝ се дека нема да и праќаш повеќе слики. Фотографиите на моите деца на социјални мрежи нема да има се додека тие сами не одлучат да стават. И тоа им е на сите јасно- заклучи трета.
Сепак има и такви кои сметаат дека оваа реакција на мајката е претерана.
- Што мислите што ќе се случи со фотографиите кои се сега на Фејсбук? Ова навистина не е голем работа- ѝ порача една од мајките во дискусијата.
Фото: unsplash.com/derekthomson