Мајка на две мали деца починала по грешка на лекар: Смртта има врска со парацетамол

Добивај вести на Viber

Лора Хигинсон, мајка на две деца од Чешир, почина на 19 април 2017 година во болницата Вистон од сепса и откажување на повеќе органи, откако персоналот по грешка и дал предозирање со парацетамол.

Лаура била примена во болница на 5 април со сомневање за пневмонија. Иако имала само 38 килограми и висока 155 сантиметри, лекарите неколку дена по ред и давале дози кои биле преголеми за нејзината конституција.

Според наодите од истрагата, таа од 5 до 7 април примала три интравенски дози парацетамол по 1 грам дневно. Последната доза, од 500 мг, ѝ била дадена пред лекарите да ја сфатат својата грешка, пишува Мирор.

Состојбата на Лаура ненадејно се влошила на 7 април, поради што била префрлена на одделот за интензивна нега и ставена во индуцирана кома. И покрај максималните напори на лекарите, на 18 април, нејзиниот сопруг Ентони и децата, деветгодишниот Стивен и седумгодишната Евелин биле повикани да се простат од неа. Лаура починала следниот ден. 

Причината за смртта е откажување на повеќе органи предизвикано од сепса, цироза и панкреатитис. Иако од болницата признале дека и дале премногу парацетамол и веднаш ѝ дале противотров, тврдат дека грешката не била главната причина за нејзината смрт.

Судскиот лекар Сајмон Холдер го отфрли барањето на болницата смртта да биде природна, но не ги прифати тврдењата на семејството за занемарување. Холдер објасни дека занемарувањето, како што е дефинирано со закон, ќе бара доказ за груба небрежност, како што е одбивањето на основна медицинска нега, што не било случај овде.

По смртта на Лаура, болницата вовела дополнителни мерки за заштита на пациентите за да се спречат слични грешки. Но, судскиот вештак не издадел извештај со конечен заклучок за околностите и причините за нејзината смрт.

Трагичната судбина на Лаура останува потсетник за важноста на грижата и прецизноста во здравствената заштита, особено во случај на кревки пациенти. Нејзиното семејство продолжува да бара одговори, додека системот се обидува да учи од своите грешки, пишува новиживот.


Фото: Фејсбук