Мајка подготви 426 ОБРОЦИ за 8 МЕСЕЦИ: Ова се трите клучни намирници кои секогаш мора да ги има во домот

Да се биде мајка не е лесно, секогаш треба да бидеш подготвена на сè и да имаш доволно време за своите деца, но сепак домашните обврски ги одземаат тие драгоцени часови, затоа една мајка најде решение!
Мајката на три деца, Келси Шо (30), секогаш има домашен конзервиран зеленчук во оставата, многу ориз и тестенини и многу претходно подготвени оброци, зачини... И почнала да подготвува храна кога семејството се преселило во Краун Поинт. во американската сојузна држава Индијана, во септември 2017-та година, каде што имаат фарма од пет хектари, изјави таа за австралискиот портал „news.com“.
Таа вели дека ѝ се потребни околу три месеци да складира сè што сака да заштеди, за да има храна за да го прехрани семејството цели 8 месеци.
- Кога се преселивме на фармата, сакавме да живееме побавен начин на живот и сакавме да знаеме што јадеме и од каде доаѓа. Се научив како да чувам храна и научив многу трикови, како на пример правење желе од кочан пченка, кој има вкус на мед. Сето тоа трае долго време. Поминувам најмалку два часа дневно во градината, а потоа процесот на конзервирање храна може да потрае со денови бидејќи се враќам на работите во фази. Но сега имам залихи за околу два оброка дневно од октомври до мај. Тоа ми помогна за време на пандемијата, бидејќи не моравме да паничиме дека ќе останеме без храна додека бевме во карантин - раскажува оваа мајка , која сега има 426 готови оброци подготвени за зимата.
Во летните месеци семејството јаде свежа храна од нивната фарма, овошје и зеленчук, а имаат и кокошки и кози кои даваат јајца и млеко. Освен што знаат дека јадат храна која самите ја одгледале, па без адитиви, на тој начин не мора да се грижи за готвење во деновите кога има други обврски.
За да има секогаш сè подготвено за оброк, има и залиха на храна што тие не ја одгледуваат, како тестенини и ориз. Тие се на околу 40 минути возење од супермаркетот, така што заштедува и време, бидејќи на овој начин таа треба да оди на шопинг само на секои две недели.
- Се трудам да го користам секој дел од храната што е можен. Така, јас складирам домати на неколку различни начини. Ги дехидрирам, па правам зачин кој може да се додаде во јадењата, а во шпајз имам готов сос од домати, како и конзервирани сечкани домати.
Бидејќи има многу храна, Келси прави попис одвреме-навреме, па знае што има и да види дали нешто се расипало.
- Потребно е многу време, па често се фокусирам на една работа. Така еден ден ќе ги соберам сите пиперки и ќе ги средам. Следниот ден ќе го направам истото со доматите и така натаму- вели таа.
Објасни дека целото семејство се труди да троши што помалку, па така остатоците од храната им се даваат на кокошките или се користат за подготовка на оброци за оставата.
Извор: zena.blic.rs