Македонските патарини меѓу најскапите во регионот: Албанија и Косово бесплатни, Бугарија со вињетки, а Грција далеку поефтина

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани плаќаат едни од највисоките патарини во регионот, покажува споредбата со соседните земји. 

Иако државата има помал автопатски систем од соседите и значително полош квалитет на патиштата, цените за користење на автопатите се речиси највисоки – веднаш зад Србија.

▶ Од Скопје до Грција – 420 денари

Патувањето од главниот град до границата со Грција чини околу 420 денари (7 евра), без оглед на кратката должина на трасата. Доколку од Скопје се приклучите на автопат на Петровец и се движите во правец кон Гевгелија, според калкулаторот за патарина на Јавно претпријатие за државни патишта ќе ви бидат потребни 7 евра. 

▶ Во Грција – поевтино до морето

За влез во Грција и пат до првите туристички дестинации, македонските туристи плаќаат околу 150 денари (2,45 евра). Патиштата се одлични, а услугите на високо ниво.

▶ Бугарија – 8 евра за цела недела

Бугарија користи систем на електронски вињетки – 8 евра за цела недела, без ограничување на километража.

▶ Србија – најскапо, па Македонија

Патувањето со автомобил од Прешево до Белград чини речиси 16 евра. И покрај тоа, автопатот е модерен и во одлична состојба.

▶ Албанија и Косово – без патарини

Албанија неодамна го пушти новиот автопат Дебар–Тирана, но не воведе патарини. Исто е и во Косово, каде патарините не се активирани поради реакции од граѓаните.

И покрај високите трошоци, македонските автопати остануваат со лош квалитет, честопати небезбедни, а инфраструктурните проекти се одвиваат бавно.

М.С.К