„Маркијан, Ти пишувам за да некој ти каже некогаш дека оваа мајка твоја се бореше“: Ребека емотивно

Вчера светот и Македонија го обележа Светскиот ден на свесноста за аутизмот -(World Autism Awareness Day) — ден посветен на информирање и активизам за аутизмот кој се одбележува секоја година на 2 април, почнувајќи од 2008 г.
По тој повод пејачката Ребека Јанковска-Ристески напиша емотивен статус посветен на нејзиниот син Маркијан.
„Драг мој Маркијан,
Вчера беше 2ри Април 2025. Секој 2ри Април се зборува многу за сличните на тебе. На тој начин тие мислат дека прават нешто за вас, за лицата со аутистичен спектар и попреченост. Чудно,но тоа е вистината. До следниот датум во календарот .
Ти пишувам овде за да некој друг можеби во некое друго време,подобро, ме чуе.
Овде луѓето одамна престанаа да сакаат да ме слушаат мене и оние како мене и татко ти кои родија деца поразлични од нивните
Ти пишувам за да некој во некое друго време разбере дека овие сега ништо не разбираат и не сакаат да разберат и заради браќата твои кои од сега се чудат со тебе што ќе прават
Ти пишувам за да некој ти каже некогаш и ако ти бидеш се уште меѓу нив дека оваа мајка твоја се бореше
Мајкино чедо,
Ти се чудиш зашто ништо од овде тебе не ти припаѓа,но не чуди се, тие не знаат што прават
Ти си љубов,а тие се од другата страна на љубовта
Тие си имаат честа болест,а ти ретка
Нивната болест е исто така неизлечива и таа се вика НИШТО НЕ ИМ СТИГА И МУВА НЕ ГИ ЛАЗИ
Ти не имаш нас, а тие имаат се што се купува со пари
И најважно е да разбереш дека и на тие кои добрини мајка ти им правела ќе те заборават
И запамти дека секогаш се борев за сите
Така мислев дека треба.
Господ да им прости на сите кој знаеа, ништо не направија и излажаа
А ти ако можеш мене прости ми
Понекогаш ти завидувам на твојата безгрижност и посакувам и јас така да можев
Господ е љубов и тој нема никогаш да не заборави,знам“ - пишува Ребека.