Маж починал по долгорочна употреба на термос: Еве колку пати смее да се користи пред темелно да се исчисти на овој начин

Во денешно време, речиси сите користат некаква форма на шише за повеќекратна употреба, а многумина користат и термоси кои порано ги носевме само на плажа.
Важно е да се знае како правилно да се одржува хигиената на овие шишиња, бидејќи од тоа зависи нашето здравје.
Еден маж од Тајван починал поради термос што го користел со години
Маж од Тајван починал откако со години ја користел истата метална термос-флаша, без да знае дека таа полека му го нарушува здравјето. По повеќе од една година нејасни симптоми, тестовите покажале труење со олово. Причината била внатрешната обвивка на термосот, која почнала да се распаѓа.
Тој го користел термосот секојдневно цели 10 години, а дополнителен проблем било тоа што често сипал газирани и кисели пијалаци, кои ја забрзале корозијата и појавата на ‘рѓа. Кога побарал лекарска помош, веќе било доцна – развил воспаление на белите дробови, по што починал.
Кога е време да ја замените флашата за повеќекратна употреба?
Металните шишиња, особено оние од не’рѓосувачки челик, можат да траат и до 12 години ако се изработени од квалитетни материјали. Сепак, производителите најчесто не наведуваат „рок на траење“, па затоа е важно да ги следите следните знаци на истрошеност:
- непријатен мирис, дури и по миење
- појава на пукнатини, вдлабнатини или гребаници – особено околу капачето
- капачето е оштетено или ја сменило бојата
- внатрешноста покажува знаци на ‘рѓа или корозија
Киселите пијалаци, како лимонадата, со време го оштетуваат материјалот. Исто така, неправилни методи на чистење можат да предизвикаат проблеми. Затоа, експертите советуваат дека, ако ја користите секојдневно, шишето треба да се замени на секои две до три години, дури и ако на изглед изгледа исправно.
Како правилно да ја миете флашата?
Испирањето со ладна вода по употреба не е доволно. Правилното чистење подразбира следниве чекори:
- сипете топла вода (над 60°C) и истурете во шишето
- додадете средство за миење садови и добро протресете
- оставете да отстои 10 минути
- темелно исперете уште еднаш со топла вода
Оваа постапка значително го намалува бројот на патогени и го продолжува животниот век на флашата.
Мондо.рс