Животна училница // Приказни
Ме тепаше и силуваше, немав воздух: 25-годишна велешанка живее во страв од поранешното момче
- 02 Февруари, 2021 11:44
Телевизија 24 вчера објави потресна исповед на 25-годишна велешанка која веќе шест месеци чека обвинение за насилникот, нејзино поранешно момче.
Како што раскажува за Тв24, во август, минатата година, ја тепал со тупаници и клоци и силувал, заклучена во автомобил.
Моника уште истата ноќ го пријавила случајот и разочарана е што велешкото Обвинителство се уште не покренало обвинение против насилникот, а тој слободно се шета низ градот и ја провоцира.
Моника апелира да не се молчи, „да не се повтори ни една Моника“ и решена е битката да ја води до крај.
ВИДЕО:
извор: телевизија 24