Ме убедуваа дека времето лечело сѐ, а сѐ повеќе ми недостигаш: Панчо ќе ве расплаче

Добивај вести на Viber

Дел од дуото ДНК, Владимир Блажев-Панчо на социјалните мрежи сподели уште една емотивна посвета за својата покојна мајка Каќуша.

- Ме убедуваа дека времето лечело се. Поминаа 5 години, но како проаѓа времето се повеќе ми недостигаш. Болат празниците, сите родендени, слави. Сите собиранки каде што сите се тука освен ти. И не боли толку твоето отсуство колку фактот што не успеав да ти се оддолжам барем 20% од она што го стори за мене мајко.
Ти си моја вечна муза, инспирација, но и најголем пораз.
Се уште сме ТИМ и така ќе остане додека повторно не се сретнеме таму горе некаде - напиша Панчо и ги расплака своите пријатели на социјалните мрежи.

Тој во многу наврати ја споменува својата мајка, и колку му недостига, а и ја посвети и една од песните на новиот албум.

-Срце болно, а толку ГОЛЕМО и полно со ЉУБОВ за да ги прифати и скроти сите- вака зборуваше Панчо за својата мајка.