Медицинскиот кадар во „8 Септември“ со закани: Ако администрацијата во болницата добие награда ќе престанеме да работиме
Паричните награди кои ги добија вработените во ковид-центрите и во болниците каде се лекуваат болните од корона вирусот сè уште се причина за раздор во здравствените установи. Извори на Фактор од ГОБ „8 Септември“ говорат дека ситуацијата таму е крајно напната, бидејќи постојат напори од страна на менаџметот награди да добијат и оние кои се вработени во администрацијата. За Фактор велат дека нивните колеги не биле изложени на толкав ризик за да добијат каква било парична награда.
-Навистина не е во ред некој по 24 часа да биде во скафандер, а некој да седи на шалтер и да биде награден. Треба и нив да ги облечеме во заштитната опрема, па нека одат барем еден чаршав да сменат или барем вода да му подадат на пациент болен од Ковид-19. Кај нас се најтешките пациенти. Ние буквално се бориме за секој човечли живот. Ако добијат награда и тие, ние ќе престанеме да работиме, велат од ГОБ „8 Септември“ за Фактор.
Посочуваат и дека во текот на сите овие изминати месеци низ нивни раце поминале дури 3.000 хоспитализирани пациенти болни само од ковид и дека во амбулантите на болницата прегледале 16.500 заразени пациенти.
-Ова се огромни бројки. Во ниту една друга установа немало толку многу хопспитализации. Дел од нашиот персонал исто така се зарази токму на работното место. 35% од нас беа болни. Имаме почината колешка, така што е неспоредлива тежината на обврските, истакнуваат тие во нашиот разговор.
Кој е одговорот на менаџментот на ГОБ „8 Септември“и што вели директорот д-р. Христијан Костов прочитајте на Фактор.мк