Меган Маркл танцува пред породувањето заедно со принцот Хари: Видео кое шокираше, но и насмеа многумина

Добивај вести на Viber

Меган Маркл повторно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи видео кое ретко кој го очекуваше од неа – особено имајќи го предвид нејзиниот поранешен статус на членка на британското кралско семејство.

На видеото, Меган се гледа во болничка соба со видлив труднички стомак, како опуштено танцува, очигледно во моменти пред породувањето.

 Весела и насмеана, таа зрачи со позитивна енергија, а во еден момент се појавува и принцот Хари, кој со насмевка ѝ се придружува во кратката, но симпатична сцена.


Ова необично издание на поранешната кралска двојка насмеа многумина, но и ја подели јавноста. Додека некои коментираа дека ваквото однесување не е во духот на кралскиот бонтон, други – особено жени – изразија разбирање и поддршка.

Иако Меган и Хари одамна се повлекоа од кралските должности, нивното секојдневие сè уште е под лупа. Ова видео само ја покажува човечката страна на една двојка што сака да живее по свои правила, без стегањето на кралските норми.

М.С.К