Менталитет или немање пари: Зошто младите доцна заминуваат од домот на родителите?
Младите Македонци живеат во заедница и во премали домови.
Податоците на Евростат покажуваат дека 51 отсто од младите до 30 години живеат во заедница во многу мали живеалишта.
Нашата земја е меѓу државите каде е најголем бројот на граѓани кои живеат во домови со мала квадратура.
Податоците од Евростат, покажуваат дека живеењето во премали домови е најчеста појава на Балканот. Во иста група заедно со Македонија, се и Србија, Романија и Бугарија. Просекот во Европската Унија покажува дека дека 17 отсто од луѓето живеат во недоволен простор.
Социологот Татјана Филиповска вели дека тоа што младите живеат во заедница се должи на традицијата, менталитетот и на економскиот статус.
„Кај нас традиционалните врски се многу силни, и затоа се продолжува таа адолесценција, односно се одлага зрелата доба, или осамостојувањето на младите. Родителите постојано водат грижа за децата, да им помогнат, дури и кога се возрасни и кога ќе оформат семејства. Можеби кога би биле економски развиена земја, со многу мал број на невработени, тоа ќе се смени, и младите ќе живеат самостојно. Доколку некој е невработен, секако дека е зависен и останува во домот на родителот“, додава Филиповска.
Анализата продолжува на Фактор.мк
*Сања Атанасовска