„Ми рекоа дека син ми е на интензивна поради антидепресивите кои ги земав во бременоста“: Пејачката за непријатноста при раѓањето на синот

Пејачката откри каква непријатност имала при раѓањето на синот
Пејачката Меган Тејлор го роди својот син во 2021 година, кога доживеа непријатност од медицинскиот персонал.
Пејачката на „All About That Bass“, која со сопругот Дерил Сабар го има 19-месечниот син Рајли, неодамна откри како ја доживеала непријатноста откако нејзиниот син се родил со итен царски рез, по што бил однесен на интензивна грижа, пренесува „Еонлајн“.
Меган тврди дека медицинските сестри и рекле дека најверојатно тоа е поради нејзината употреба на антидепресиви за време на бременоста.
- Постојано ме прашуваа дали земам антидепресиви за време на бременоста; а јас го правев тоа, но со најниска можна доза. Моите лекари ми рекоа дека тоа е безбедно и дека нема да влијае врз бебето. Беше многу вознемирувачко – изјавила Меган.
Пејачката вели дека медицинскиот персонал не знаел што не е во ред со нејзиниот син кој се борел да се разбуди.
- Немаа име за тоа што не е во ред со него. Тој едноставно не сакаше да се разбуди.
За среќа, по пет дена пејачката го однела Рајли дома. Првиот месец воопшто не плачел многу, што ги загрижувало неговите родители.
-Постојано бевме загрижени за тоа, но за среќа, иако имаше бурен почеток на животот, тој денес е здраво момче - заклучила пејачката.
Генерално, најбезбедно е да се избегнуваат лекови од овој тип за време на бременоста и неопходно е трудницата да се консултира со својот лекар пред да земе каков било лек или додаток.
Фото: Инстаграм Screenshot