Миленикот на жените не старее: Зоран Ванев празнично шета во оваа земја

Добивај вести на Viber

Беше еден од најпопуларните фолк пејаи кај нас, но и кај соседите, а сега веќе неколку години живее и работи во неговата клиника во Цирих.

Зоран Ванев отсекогаш важел за миленик на жените, а неговиот изглед е доказ дека тој не старее. 

Деновиве, докторот споделува како е на патување во Канада.

Утринава сподели фотографија на социјалните мрежи сликан кај Нијагарски Водопади, Тие се водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата помеѓу САД и Канада

Пред еден ден пак Ванев стави фотографија од аеродром.


Ванев во една прилика кажа дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

Зоран повеќе од 20 години е брак со Лидија.За потсетување, тој замина одамна во Швајцарија, а кај нас беше познат фолк-пејач.

Ванев се прослави со хитот „Јужна пруга“, балада која со радост и денес се пее. На врвот на кариерата ја напушти сцената, а денес со семејството живее во Швајцарија и работи како доктор по природна медицина.

Тој се пензионираше во време кога многумина му предвидуваа успешна кариера, наведувајќи го фактот дека ги видел и доживеал лошите страни на оваа работа.

Сѐ уште се занимава со музика, но не толку активно, бидејќи настапува и оди, како што вели, само каде што сака. 

Фото: инстаграм
РЖМ