Мојата 5-годишна ќерка сѐ уште носи пелени: Актерката Кристен Бел искрена

Една од најпопуларните жени во Холивуд е посветена
мајка, но нејзините обожаватели не се согласуваат со нејзините методи.
Актерката Кристен Бел има две ќерки - Линколн (7)
и Делта (5) - и таа често зборува за нивниот живот и начин на воспитување.
Неодамна, во новата епизода од серијата
Momsplaining with Christen, таа зборуваше за навикнување на мокрење на нокшир и
откри детаљ што ги налути мајките кои се нејзини фанови. Имено, Кристен рече
дека нејзината помлада ќерка, иако има пет и пол години, сеуште носи пелени.
- Мојата постара ќерка престана да носи пелени
кога имаше 21 месец, само што и покажавме како да го користи тоалетот и таа се ми се
чини веднаш се навикна. Оттогаш, таа не носи пелени - додаде таа.
Кристен сакаше да каже дека секое дете има свој
ритам, сите деца не се исти.
Имено, нејзините следбеници започнаа да
коментираат на социјалните мрежи дека Кристен не е во ред, дека не е најдобрата
мајка на светот, како и да се плаши што може да се случи кога детето ќе наполни
14 години. Многумина истакнуваат дека е понижувачко за толку големо дете да
носи пелени.
И додека голем број на обожаватели го осудуваат
нејзиниот сопруг и неа, има и такви кои забележуваат дека не секое дете е исто
и дека кога нивната помала петгодишна ќерка ќе престане да носи пелени е само
нивна работа.
Кристен затоа ја продолжи контроверзата на Твитер,
каде истакна дека мочниот меур на Делта и е сè уште премногу мал за да трае за
време на десет часа спиење.
- Мислам дека не е понижувачко ако детето носи
пелени подолго време. Сите се различни. Мојата петгодишна ќерка не се срами да
носи пелени во текот на денот. Таа е полна со самодоверба и луда и не смета
дека треба да се извини за се што е поврзано со нејзината единствена и убава личност-
актерката ја заврши дискусијата.
Фото: Profimedia