(ФОТО) Беше љубов на Биковиќ во „Монтевидео“, а потоа исчезна: Еве како изгледа денес

На убавата актерка Данина Јефтиќ сите се сеќаваме во улогата на згодната Роса во филмот „Монтевидео“, во кој играше заедно со познатиот актер Милош Биковиќ. Заблеска во ова филмско остварува, но за брзо се повлече од ТВ екраните, бидејќи сакаше да се посвети на семејството и синот Максим, кој го роди во бракот со десет години постариот продуцент Александар Кукањац.
Двојката се запозна во 2012 година, а во 2013 станаа родители. Сепак, во 2016 година следуваше бурен развод, а Данина од Австралија, каде што живееше со семејството, се врати кај родителите во Белград.
„Ме немаше на телевизија, но ми нудеа улоги. Меѓутоа, ниту една не ме заинтересира доволно. Како да не беа пишувани за мене, ниту ми беа интересни, силни“ - рече таа во една прилика, а работите очигледно се променија, бидејќи пред неколку месеци се појави во серијата „Игра на судбината“.
Евидентно е дека Данина се нема многу променето и дека и понатаму е убава, како од времето на „Монтевидео“.