Нa Инфективна за 24 часа хоспитализирани 13 пацинети со Ковид-19: Раководителката на Итната медицинска помош, д-р. Милица Бубало со детали

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на заразени со корона вирусот до вчера само во главниот град изнесува 2.243. Со вчерашните 107 новозаразени, активни случаи во Скопје има 1.507. Според дел од лекарите, не станува збор за втор бран на вирусот, туку како што велат, ова е единствено последица токму на непочитувањето на мерките. Раководителката на Итната медицинска помош, д-р. Милица Бубало, за Фактор.мк вели дека само во текот на една смена од 12 часа, возилата на Брзата помош превезуваат околу 20-ттина пациенти, а во ноќната смена, која им започнува од 19.00 часот, носат до 10-ттина Ковид-пациенти или на Клиниката за инфективни болести или во ГОБ „8 Септември“.

-Во текот на оваа и изминатата недела бројот на пациенти со Ковид-19 што ги превезува Итната медицинска помош до болничките установи во тек на 24 часа изнесува околу 30-ттина. Јас, како лекар тврдам дека ова што сега ни се случува е само поради фактот дека граѓаните одбиваат да веруваат во сериозноста на ситуацијата и не ги почитуваат мерките за заштита. Истовремено, ги замолуваме пациентите да не даваат лажни искази при повикувањето на Брзата помош, стигнуваме на време секаде и сите пациенти се правилно згрижени, вели за Фактор, д-р. Милица Бубало, раководител на Итната медицинска помош во Скопје.

Само на Клиниката за инфективни болести, во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 пациенти. Ова за Фактор го потврди деиректорката на Клиниката, д-р. Милена Стевановиќ.

-Во моментов има вкупно 99 пациенти со Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во текот на последните 24 часа се примени 13 заразени со вирусот. Во монтажната клиника, која е ставена во функција од завчера, веќе има четворица пациенти. И оваа контејнер-систем Клиника е целосно подготвена за кризната ситуација, вели д-р. Сревановиќ.

Детали на Фактор.мк