На одмор во Грција со вакцина: Грчкиот министер за туризам со деталите
Летово ќе одиме на одмор во Грција, ама се ќе зависи од процесот на вакцинација.
Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема ги соопшти правилата за патување за време на пандемија под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19. Министерот рече дека ќе има две категории патници - оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација.
Теохарис вели дека сертификатот во дигитална форма може да го побара секој орган, национален или друг, но додаде дека нема детали како ќе се издава и како ќе се признава меѓу земјите затоа што тоа се уште се договара на ниво на Европската Унија..
Повеќе детали за изјавата на грчкиот министер за туризам прочитајте на Фактор.мк