На одмор во Мајорка, заедно и во теретана: Павле Камилоски и Ирина Дишовска вака уживаат во љубовта

Новата совршена двојка на македонската јавна сцена се изведувачот и уметник Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска.
Јавноста неодамна дозна за нивната љубов, а деновиве тие уживаат на одмор во Шпанија, на еден од најпопуларните острови Мајорка.
Модно усогласени, со кошули во бела боја, очила за сонце и исти шешири, Павле и Ирина позираат кај познатиот Светилник Форментор.
Кејп Форментор го означува крајот на северните планини на Мајорка.
Сè е убаво од оваа карпа: Медитеранот со висина од 232 метри, неговиот спектакуларен поглед од кој можете да ја видите планината Пал, островчето Ес Коломер и плажата Форментор.
Зајдисонцето од Кејп Форментор остава свој белег, како и неговиот светилник од бајките и боровите шуми што го опкружуваат.
Дека уживаат да го поминуваат времето заедно, сведочат и Инстаграм приказните.
Оваа двојка заедно ја одржува формата на телото и во теретана.
Како од бајките е и хотелот во кој се сместиле, а покрај кој добар ден посака Камилоски.
Фото: Инстаграм
Тие се нова совршена двојка: Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска заљубени до уши (ФОТО)