На себе имаше уметничко дело: Карлеуша за два дена во „Гранд“ даде 90.000 евра за облека

Добивај вести на Viber

По тримесечната пауза започна снимањето на продолжението на сезоната на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а пејачката Јелена Карлеуша која е дел од жирито, повторно ги воодушеви сите со своите модни комбинации.

Јелена важи за некој кој има непогрешлив стил, кој може на вистински начин да го изнесе било кое парче облека, без оглед на тоа дали вреди неколку илјади или десетици илјади евра.

Пејачката за снимањата на првите емисија се појави во златна комбинација, додека на следното снимање на себе имаше комбинезот со принт од уметничкото дело од францускиот уметник Вилијам Адолф Бугро.

Јелена во првата комбинација беше скоцкана од глава до петици во златно, а нејзиниот стајлинг чинеше 45.590 евра, додека за второто појавување на својот изглед даде 35.474 евра.

Карлеуша во златката комбинција блескаше во студиото на Гранд, а на себе имаше обетки „Версаче“ од 250 евра, часовник „Ролекс“ од 34.000 евра, нараквица од францускиот бренд „Картиер“ од 10.000 евра, златен фустан од 350 евра, како и сандали од 990 евра.

За комбинезонот Јелена даде 527 евра, за очилата „Гучи“ 740 евра, часовникот „Ролекс“ чинеше 34.000 евра и високи потпетици од 215 евра.

Фото: telegraf.rs