На семејството им кажав дека сум на турнеја, а се лекував од рак: Најтешката битка на пејачката - почнала со треска
На семејството им кажав дека сум на турнеја, а се лекував од рак: Најтешката битка на пејачката - почнала со треска
Пејачката Мира Шкориќ се бореше со ракот на тироидната жлезда, а за својата битка најде сила да проговори дури после неколку години, за да ги поддржи сите кои ја водат истата битка, но и да ја подигне свеста кај луѓето за важноста од редовните прегледи.
Мира Шкориќ со години не се појавуваше во јавноста, а бидејќи извесно време не сакаше да зборува со медиумите за својата болест, само нејзините блиски пријатели знаеја со каков злобен непријател се бори. Во една од нејзините емотивни исповеди ги опиша симптомите по кои решила да посети лекар.
„Се чувствував уморена и имав подмолна температура. Требаше порано да реагирам на тоа, но за жал, предоцна обрнав внимание. Работев со покачена температура од 37,2. Пеев со часови и денови, се повеќе се изморував и станував послаба. Имунитетот ми падна и дури кога ми излезе лимфната жлезда на вратот над клучната коска реагирав. Тоа беше главниот знак дека нешто не е во ред. Веднаш се обратив кај професорите Радан Ѓодиќ на Институтот за онкологија и радиологија , Иван Марковиќ и Невен Јокиќ“, изјави пејачката во една прилика за „Глоси“ и се присети на моментот кога ѝ ја соопштиле страшната вест.
„Бев во состојба на целосен шок и неверување. Доктор Ѓодиќ ми ја кажа суровата вистина која не сакав да ја прифатам. Постојано си повторував дека тоа е невозможно. Од тој момент решив да го ставам здравјето на прво место и тоа ми го смени животот од корен. Откако еминентните стручњаци по онкологија ги направија сите детални анализи, следуваше првата операција. Операцијата траеше цели шест часа. Имав рак со метастази. Верувајте ми, не се плашев за мојот живот бидејќи не сакав да ја прифатам болеста. И таа интервенција помина па следеа контролите. Кога повторно ја направив биопсијата резултатите не беа добри. Во еден момент почнав да се смеам самата на себе поради болките. Решив да го сокријам третманот што следеше од семејството“, признала Мира и открила дека ниту нејзината ќерка Милица не знаела каде е пејачката во тие моменти, туку таа информација ја имала само нејзината сестра.
„Кога и да лежев во Институтот им кажував дека сум на турнеја. Само мојата сестра Билјана знаеше за се‘ и беше цело време со мене. Нашата покојна мајка Милка се сомневаше дека нешто не е во ред, па ми се јавуваше и неколку пати на ден. Редовно и одговарав на телефон од шок собата и се правев дека се‘ е супер, но всушност ништо не беше како што треба“, се присети Мира која по тешката борба низ која минала целосно го променила својот животен стил и апелирала секој да прави редовни контроли и да оди на лекар при првите знаци дека нешто не е во ред.
„Двапати годишно треба да ја проверувате вашата крвна слика. Тоа е задолжително. Стресот е најлош и затоа треба да избегнувате каква било ситуација која може да не‘ доведе до таа состојба на немир. Сигурен сум дека сè започнува со стрес. На професоритеЃодиќ, Марковиќ и Јокиќ, сум им бескрајно благодарна, сум и благодарна ина Вера Војиновиќ, која секојдневно спасува илјадници животи, а таквите луѓе треба да се ценат “, заклучи тогаш таа.