Најубавата и најслободната Арапска принцеза: Имала 18 години кога го запознала принцот (46). Тој не сакал деца со неа, а во 2018 година нејзиниот живот стана бајка

Амира ел Тавел е една од најубавите и најслободните жени од
арапскиот свет - таа беше првата која одби да носи абаја, или традиционален
женски фустан, во Саудиска Арабија. Со брак стана дел од саудиската династија,
но и по разводот локалната јавност продолжи да ја нарекува принцеза.
Оваа 38-годишна дама потекнува од средна класа во Саудиска Арабија - ја воспитувале нејзината мајка, баба и дедо, но нејзиниот живот добил поинаков правец кога во 2001 година, како 18-годишна девојка, го запознала Принцот Ел Валид Бин Талал, кој е 28 години постар од неа, за време на интервју за училишниот весник. Интересно е што нејзиното име Амира на арапски значи „принцеза“.
Двојката разменила свадбени завети во 2008 година, но нивниот брак траел само пет години; Причините за разделбата никогаш не беа објавени, но во јавноста и странските медиуми се шпекулираше дека тоа е поради тоа што принцот не сакал деца со Амира, со оглед на тоа што тој веќе имал потомство. Но, интересно е што Бин Талал се развел и од двете први сопруги.
Амира, иако кратко време беше принцеза, во јавноста се наметна како жена со силна волја, решена да им пркоси на стереотипите и застарените сфаќања во Саудиска Арабија и да ја подобри положбата на жената во нејзината родна земја. Иако според современите западни стандарди, Амира практикуваше прилично мирен, конзервативен стил, со многу малку прикажување на гола кожа, таа направи револуција во арапскиот свет - за нив нејзиниот моден вкус беше нешто сосема ново и повеќе од слободен.
„Патот да станам принцеза... Тој пат ме избра мене. Бев девојка од семејство со просечни примања, сонував да станам доктор. А потоа се омажив за принц и мојот живот драстично се промени. Отпрвин се фокусирав на моето образование, затоа што ако човек не е образован, нема сигурност и доверба во себе. Затоа прво студирав, а потоа се вклучив во добротворни проекти и го презедов управувањето со семејната фондација“, рекла таа во една прилика. .
Таа размислуваше и за фактот дека е разведена жена во сè уште конзервативно арапско општество: „Моралот се промени: општеството повеќе не ги осудува разведените жени како порано. Сега разведената жена може да живее сама, да биде финансиски независна, да носи важни одлуки и наиде на разбирање“.
„Сакам да бидам таа што жените ќе ја посочат на своите ќерки и ќе им кажат: „Видете, таа е разведена и погледнете што прави сега. Таа е независна жена и прави добри работи за својата земја“, додаде таа.
Амира пред неколку години истакна дека верува и бара љубов и по развод, а желбите и се исполнија во 2018 година. Имено, тогаш таа се омажи за милијардерот и бизнисмен Калифа Бин Бути Ал Мухаири, а една година подоцна го доби синот Зајед.
„Отсекогаш верував во љубовта, но мислам дека луѓето погрешно ја перципираат. Современиот човек под љубов значи луда страст, но тоа е само дел од љубовта. Вистинската љубов бара пријателство, меѓусебно почитување, меѓусебно разбирање", заклучи таа.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Профимедиа