Не бираат зборови: Внимавајте на овие знаци, важат за најнеучтиви и кажуваат работи без да мислат на чувствата на другите

Стрелец
Стрелците се познати по својата отвореност и љубов кон слободата, но оваа особина често преминува во претерана искреност која се граничи со грубост. Ги искажуваат своите мислења без двоумење, не размислувајќи колку нивните коментари може да повредат некого.
Сакаат да изненадуваат и да бидат оригинални, но понекогаш ги игнорираат основните правила на пристојност. Нивната спонтаност и смисла за хумор често ги преминуваат границите, па околината го доживува нивното однесување како грубо.
Во друштво често раскажуваат анегдоти или прават шеги кои не се секогаш прикладни за моментот или за личноста. Стрелците сакаат да задевaат и провоцираат, а понекогаш не чувствуваат каде се границите на приватноста. Нивната потреба за вистина често е пред секаква обѕирност и емпатија.
Пријателите ги опишуваат како забавни и искрени, но и како луѓе кои не знаат да бидат навремени и секогаш доцнат. Сепак, стрелците се популарни во друштво поради својот шарм и автентичност, но би било добро да бидат пообѕирни кон чувствата на другите.
Извор: b92