Не е Серена Вилијамс прва: 7 жени во тенисот кои заработуваат најмногу според Форбс

Магазинот „Forbes“ ја објави листата на најбогатите спортистки за периодот 1 јуни 2019 година до 1 јули 2020 година.
Ова се најбогатите 7 тенисерки:
7. Елина Свитолина
Елина Свитолина е на седмото место. Украинката стигна до полуфиналето и на Вимблдон и на УС Опен во 2019 година. Приходот на Свитолина се проценува на 6,4 милиони долари, од кои повеќето се од награди, а остатокот од договори за рекламирање.
6. Гарбине Мугуруза
Голем дел од приходите на 26-годишната Мугуруза доаѓаат од спонзори. Нејзината најголема соработка е со „Адидас“. Зделката што ја склучија се смета дека е една од најголемите во спортот. Приходите на Гарбин се 6,6 милиони долари.
5. Бјанка Андреску
Во 2019 г. Андреску го направи своето име во тенисот како прва Канаѓанка која освоила Грен слем. Ова се случи со триумфот на УС Опен. Нејзините приходи се проценуваат на 8,9 милиони долари.
4. Симона Халеп
Халеп ја освои својата втора грен слем титула во Лондон минатата година кога ја победи Серена Вилијамс и ја освои титулата на Вимблдон. Нејзините приходи се проценуваат на 8,9 милиони долари.
3. Ешли Барти
Во јули 2019 година, Барти стана шампион на Ролан Гарос. За прв пат од 1973 година, австралиски тенисер го освои Отвореното првенство на Франција. Поради овој успех, Ешли Барти заработи 3 милиони долари од спонзори, а вкупните приходи и се 13,1 милиони долари.
2. Серена Вилијамс
Минатата година Вилијамс успеа да додаде 36 милиони долари на своите банкарски сметки, од кои 32 милиони долари дојдоа од реклами и спонзори.
1.Наоми Осака
Богатството на тенисерката се проценува на 37,4 милиони долари, а 34 милиони долари се само приходи од договори за рекламирање. Од сите тенисери, само Роџер Федерер заработува повеќе од Осака од договори за рекламирање.
извор:edna.bg